Македонија Б загуби од Србија на стартот на кадетскиот турнир во Скопје

Вториот тим на кадетската селекција на Македонија претрпе пораз на стартот на турнирот кој денеска почна во салата „Автокоманда“ во Скопје. Репрезентацијата на Србија забележа победа од 31:24 со што втората постава на Македонија ќе мора да бара шанса за победа на некој од следните дуели во следните три дена.

Во текот на првото полувреме Србија беше подобра. Имаше неколку гола предност така што постојано ја одржуваше разликата и немаше поголеми проблеми за да се дојде до остварување на целта односно да се дојде до бодови на овој меч и да се тргне до победа.

На полувреме резултатот беше 17:11 во корист на Србија, а потоа Македонија на стартот на вториот дел ги имаше најдобрите минути. Успеа да издржи без да прими гол и тоа донесе резултат така што со 5:0 серија се фати приклучок. Сепак, она што беше добро го снема во продолжение од натпреварот кога Србија одново успеа да наметне свое темпо и до крајот на натпреварот да се избори одново за висока разлика.

Крајот беше со 31:24 така што Србија стартуваше прва со победа на турнирот во Скопје. На следниот дуел денеска играат А тимот на Македонија и Бугарија.

МАКЕДОНИЈА Б – СРБИЈА    24:31 (11:17)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

МАКЕДОНИЈА Б: Ивановски, Михајловски, Чакалиќ 2, Илиев, Ми. Ивановски, Митревски 4, Додевски 2, Николов, Мелоски 4, Трајкоски, Калајџиевски, Димевски 1, Донев, Јанчев, Костовски 1, Киселовски 1, Димовски 9, Стојковиќ.

Седмерци: 5/5, Исклучувања:

СРБИЈА: Мрџовиќ, Зекиќ, Мијатовиќ, Вукадиновиќ 1, Кнежевиќ, Антонијевиќ 1, Ковачевиќ 2, Додиќ 5, Цениќ 8, Симиќ 5, Станисављевиќ 3, Зечевиќ 1, Пановски 2, Предовиќ 1, Тасиќ 1, Радојичиќ.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.