Женската репрезентација на Македонија одново загуби на Европското првенство во ракомет на плажа што се игра во португалскиот град Назаре.
По поразот од Италија, избраничките на Златко Мојсоски загубија со 2-0 од селекцијата на Романија во групата за разигрување за пласман.
Првиот сет го доби Романија со убедливи 25-14, но во вториот Македонија беше блиску да избори трет сет.
Сепак на крајот Романките го добија со 15-14 и со 2-0 го затворија овој натпревар. За Македонија останува средбата со Унгарија денеска од групата за разигрување.
Ана Марија Божиновска беше најдобар поентер со 12 поени, додека Теодора Гулицоска додаде уште шест.