Македонец стана капитен на грчки тим!

Ретки се македонските интернационалци што можат да се пофалат дека биле капитени во странските тимови каде што играат.

Тоа оваа сезона ќе биде случај со левиот бек Тоше Ончев, кој ќе биде предводник на грчкиот тим Фаикас Корфу.

Левиот бек веќе втора година ќе игра во тимот од островот, а неговите соиграчи му ја дадоа довербата да биде нивен капитен.

Од ова лето Ончев има и македонско друштво во Фаикас Корфу, откако таму потпиша и неговиот некогашен соиграч од Вардар Јуниор, Стефан Трпчевски.