Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ја заврши третата сезона во дресот на Веспрем и вторпат ќе игра на Ф4 во Лигата на шампионите.
На крајот на 2019 година, летечкото лево крило го продолжи договорот за уште две години, па ќе остане во унгарскиот гигант најмалку до 2022 година.
Тој е еден од милениците на навивачите на Веспрем, а тоа го докажа и последниот потег на една навивачка.
Таа го истетовира логото на Веспрем со бројот на нашиот репрезентативец и неговиот потпис.