Трката за титулата во Франција ќе биде интересна до последното коло, откако Нант славеше со Монпелје со 29-28.
Стрелец на погодокот вреден два бода беше некогашниот вардарец Хорхе Македа, кој на триесетина секунди до крајот погоди за 29-27.
Иако Монпелје го чека четвртфиналето во Лигата на Европа и дуелот со Спортинг, пружи одлична партија кај Нант.
Сега Нант има 39 бода и влегува во рамноправна трка за титулата во Франција, додека Монпелје и ПСЖ остануваат на првите две позиции со по 40 бодови.
Погледнете го голот на Македа…