Екипата на Магдебург стигна до втората победа во ЕХФ купот откако славеше на гостувањето кај Адемар Леон со 31:27. По победата и во првото коло против Горење, бундеслигашот каде што игра Филип Кумановски има стопостотен учинок.
Филип Кузмановски настапи на натпреварот во победничкиот тим и постигна еден погодок. Победникот на дуелот беше решен во второто полувреме, по првиот дел Адемар Леон имаше предност од два гола, 14:12, но во продолжението гостите успеаја да направат пресврт.
Вториот дел донесе поквалитетна игра на Магдебург. Уште на почетокот ја анулираа негативата, а потоа со серија од четири гола создадоа предност која без проблеми ја одржаа до крајот.
Најефикасен во тимот на Адемар Леон беше Алонсо Фернадез со осум погодоци, додека во составот на Магдебург, Дамгард со девет гола беше најпрецизен, а зад него остана Матијас Муше, кој постигна пет погодоци.