Ракометарите на Магдебург остварија гостинска победа во заостанатиот натпревар од 4. коло во Лигата на Европа. На теренот на Савехоф бундеслигашот триумфираше со 26:29 и се зацврсти на водечката позиција во групата Ц.
Савехоф одлично започна и поведе со 7:2 после 15 минути игра, но до крај на првиот дел Магдебург успеа да се врати и на одмор екипите заминаа со нерешени 11:11. Во второто полувреме Магдебург рано ја презема контролата на резултатот и на крај успеа да слави важна победа.
Александер Вестби со шест гола беше најефикасен во состаов на Савехоф, а Карлсон постигна пет гола. Во победничкиот тим на Магдебург со шест гола Дамгард беше најефикасен, а по четири гола постигнаа Гулеруд, Јенсен и Смитс.
Шпанскиот претставник Бидасоа Ирун имаше убедлив настап на гостувањеро кај Винтертур и славеше висока победа од 23:37. Бидасоа уште на полувреме имаше добра предност кога водеше 12:17, а во продолжението без многу проблеми одбезбеди нови бодови. Шонфелд и Јуд беа најефикасни во домашниот тим со по пет погодоци, додека Саизар со седум гола беше прв стрелец во тимот на Бидасоа Ирун.