Учесникот на завршниот турнир во Лигата на шампионите, Магдебург се збогуваше со петмина ракометари кои изминатиот период го носеа дресот.
Заминува чуварот на мрежата Мајк Јенсен, кој според најави би требало да се пресели во португалската Бенфика.
Средниот бек Марко Безјак, Бундес лигата ќе ја замени со хрватскиот шампионат, а дресот на Магдебург со оној на Нексе Нашице.
Си оди и еден од најдобрите стрелци Кај Смитс. Десниот бек ќе се пресели во лутиот ривал Фленсбург, додека заминуваат и Владан Липовина и Пјотр Храпковски.
Нивните следни дестинации се уште не се познати.