Репрезентативниот голман на Швајцарија, Никола Портнер, кој моментално настапува за Шамбери од Франција, во текот на следната сезона би требало да пристигне во германската екипа, Магдебург.
Според „Handball Leaks“, Магдебург е заинтересиран за ангажирање на швајцарскиот голман како замена за Јаник Грин.
Првиот голман на Магдебург, ќе настапува во екипата предводена од Бенет Вигерт уште оваа сезона, а потоа се сели во ПСЖ.
Никола Портнер го носеше дресот на Монпелје, Кадетен Шафхаузен и Берн. Од сезона 2020/2021, настапува за Монпелје.