Екипата на Магдебург е шампион на Германија после 21 година откако во 32. коло славеше победа со која ги реши сите дилеми.
Магдебург без поголеми проблеми го совлада Балинген со 31:26 и на две кола до крај ја осигура титулата во Бундес лигата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Магнусон со девет гола, а Вебер постигна пет гола. Кај поразениот Балинген најефикасен беше Липовина со девет гола.
На останатите дуели Лубек го изненади Штутгарт на Пешевски, а Гепинген славеше против Рајн Некар.