Словенечкиот интернационалец и член на бундеслигашот Магдебург, Марко Безјак ќе мора да оди на операција на рамото што значи крај на сезоната. Тој ќе биде надвор од терените од шест до осум месеци.
Безјак е еден од најзначајните играчи на Магдебург и сигурно ќе биде голем хендикеп за екипата. Според зборовите на директорот на клубот нема да ангажираат нови играчи туку одговорноста ќе ја поделат на постоечките кадри.
Иако Словенецот не отпатува на Европското првенство за да закрепне потполно од повредата тоа не се случи. Постоеја надежи дека со подолг период на одмор може да се избегне операцијата, но сепак се покажа дека е неминовна хируршка интервенција.
Со оглед на тоа што Безјак настапува на позициите лев и среден бек, како и Филип Кузмановски кој имаше мала минутажа во досегашниот дел од Бундес лигата, можеби ова ќе биде можност Македонецот да добие повеќе шанса за игра.