SC Magdeburg (GER) vs Al-Ahly SC (EGY) ,2022 IHF Men's Super Globe, Dammam, Saudi Arabia, 22.10.2022., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Магдебург и Барселона повторно ќе ја водат битката за титулата на Супер Глоуб

Ланските финалисти од Супер Глоуб турнирот, екипите на Магдебург и Барселона, годинава повторно ќе играат во финалето на ова натпреварување.

Бундеслигашот во првото полуфинале беше убедлив против египетскиот Ал Ахли со 36:28 (18:17).

Во второто полуфинале се судрија актуелниот европски шампион Барселона и полскиот шампион Келце, а дуелот го добија каталонците со 39:28 (16:11).

Тимот на Мудар, кој е предводен од тренерот Зоран Кастратовиќ ја забележа првата победа, откако триумфираше против Синдеј со 29:26 (14:13) и ќе игра за 9. позиција против тимот на Ал Кувај.

Завршните натпревари од Супер Глоуб турнирот ќе се одиграат во текот на утрешниот ден.

Финалето меѓу Магдебург и Барселона е закажано за 19:00 часот, додека дуелот за трето место меѓу Келце и Ал Ахли ќе се одигра со почеток од 17:00 часот.

Актуелен бранител на титулата е екипата на Магдебург, која во ланското финале ја совлада Барселона со 33:28.