Откако Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен со 29-26 стана јасно дека битолчани ќе останат на четвртата позиција во групата Д.
Тоа значи дека во осминафиналето од Лигата на Европа ќе се соочат со првопласираната екипа од групата Ц – бундеслигашот Магдебург.
Некогашниот европски шампион од 2002 година, стои на патот на битолчани кон четвртфиналето во второто по ранг клупско натпреварување.
Првиот натпревар ќе се игра во Битола на 23 март, додека реваншот ќе биде во Магдебург на 30 март.
Бундеслигашот во Лигата на Европа забележа девет победи и еден пораз, додека во домашното првенство е второ место зад Фленсбург со 12 победи, 2 реми и 4 порази.