Германскиот вицепрвак Магдебург го претстави новото засилување за следната сезона.
Станува збор за голманот Сергеј Хернандез, кој редовите на бундеслигашот ќе ги засили од Бенфика.
Голманот со руско потекло за ланскиот освојувач на Лига на Европа настапува од 2020 година.
Раководството на Магдебург и повремениот репрезентативен голман на Шпанија се договорија на соработка, со важност до 30 јуни, 2025 година.
Тој ќе биде замена за данецот Мајк Јенсен и заедно со искусниот Никола Портнер ќе ја сочинуваат голманската позиција во Магдебург.
Хернандез во својата кариера настапуваше и за Ла Риоха, Анаитасуна и некогашниот дански гигант КИФ Колдинг.
Магдебург за следната сезона ги ангажираше и двајцата репрезентативци на Шведска, Феликс Клар од Алборг и Албин Лагерген од Рајн Некар.