Екипата на Магдебург ќе игра на Ф4 турнирот во Купот на Германија, откако славеше во драматичен натпревар со продолженија против Кил со 35:34.
Иако Магдебург водеше со 29:23, сепак на крајот упорниот составот на Филип Јиха го однесе мечот во продолженија, откако во регуларниот дел беше 29:29.
Освен во воведниот дел, во кој двете екипи наизменично се менуваа во водство, тимот на Магдебург речиси до 50 минута имаше предност од четири до пет гола разлика, но ,,зебрите” целосно се вратија во финишот и се изборија за продолженија.
Следуваа две продолженија од по пет минути, во кои за нијанса беше подобра екипата на Магдебург, која успеа да се одлепи на 35:33 и да обезбеди место меѓу најдобрите екипи во германскиот Куп.
Најефикасен во составот на Магдебург беше репрезентативецот на Холандија, Кај Смитс со девет погодоци, додека кај Кил се истакна Ерик Јохансон, кој исто така имаше девет реализации.
Кил низ историјата има освоено 12 титули во Купот од Германија, последната беше освоена минатата година кога беше убедлив против Магдебург со 28:21.
Освен Магдебург, на Ф4 турнирот во германскиот Куп ќе играат и екипите на Лемго, Рајн Некар и Фленсбург.