Магдебург по денешниот триумф од 36:34 против Рајн Некар ја продолжува трката за одбрана на шампионската титула во Бундес лигата.
Актуелниот шампион во најквалитетната лига на светот во дуелот со Рајн Некар беше предводен од Тим Хорнке со осум и Кај Смитс со седум погодоци.
Во составот на Рајн Некар најрасположен за игра беше младиот репрезентативец на Германија, Јури Кнор, кој воедно беше и најефикасен на дерби средбата, имаше девет погодоци во мрежата на гостите.
Бергишер успеа на свој терен да го изненади Фуксе Берлин, триумфираше со 34:30. Иако Фуксе Берлин направи нов кикс, сепак, остана во игра за шампионската титула, бидејќи во однос на водечките Кил и Магдебург, кои имаат по 49 бода, заостанува само на два бода помалку.
Шанса за првото место има и екипата на Фленсбург, која по 30 одиграни кола, на свое конто има 45 бода. Рајн Некар веќе отпадна од трката за шампионската титула и до крајот на сезоната ќе треба максимално да се потруди за да го задржи петтото место на табелата.