Магдебург ги продолжи договорите со двајца клучни ракометари

Германскиот Магдебург објави дека ги продолжува договорите со едни од носителите на играта во својот тим, Кристијан О’Саливен и Даниел Петерсон.

Средниот бек на норвешката репрезентација во Магдебург ќе остане уште четири сезони, до 2025 година. О’Саливен во германскиот тим настапува од 2016 година.

Швеѓанецот Петерсон кој настапува на позицијата десно крило, ќе остане плус три сезони, до 2024 година. Петерсон во екипата на Магдебург пристигна во 2016 година од Ескилстуна Гуиф.

Магдебург за новата сезона ангажираше неколку нови ракометари – Кеј Смитс, Филип Вебер, Мајк Јенсен и Магнус Сагструп.