Германскиот шампион Магдебург ја најави својата кандидатура за F4 турнирот во Келн со голема победа над ПСЖ во Франција од 33-37 (19-15) во рамките на 10. коло од Лигата на шампионите.
ПСЖ сега може да ја загуби пол-позицијата на табелата во група А, со овој неочекуван пораз, особено ако се знае дека во Германија ПСЖ славеше убедливо со 29-22. Будеслигашот пак се зацврсти на третата позиција зад Веспрем и ПСЖ во пресрет на останатите 4 кола од групната фаза на елитното натпреварување.
Магдебург имаше силен старт на дуелот и со серија на Магнусон од 3 голови го отвори резултатот на овој дуел. Сепак домаќините не се предадоа лесно, ПСЖ до 10. минута го израмни натпреварот, а во средината на првиот дел ја презема иницијативата и водството на овој дуел. Во 27.минута Кристопанс ги постави највисоките „плус четири“ за домашните ракометари (13-17), разлика која ПСЖ успеа да ја одржи до полувремето за конечни 19-15.
Кога веќе сите очекуваа мирна и рутинирана завршница и победа за ПСЖ, Магдебург ја врати предноста и посакуваната насока на овој дуел. До 38. минута Германците го израмнија натпреварот, а точно на средина на второто полувреме ја вратија минималната предност на овој дуел. Следуваше период во кој двете екипи беа во егал, но по 50. минута гостинските ракометари ја преземаа иницијативата и создадоа два гола предност. До крајот на овој дуел имаше уште осум минути, но ПСЖ за разлика од претходно не успеа да го израмни резултатот и да го пронајде своето посакувано темпо. Во 53. минута Кристијансон ги постави првите три голови предност за Магдебург во вториот дел, разлика која германскиот шампион успеа да ја одржи до самиот крај. Чапковски ги постави конечните 33-37 за голема победа на Магдебург.
Магнусон го предводеше Магдебург и листата на стрелците со 12 погодоци, Кристијансон постигна 9, а ги следеше Муше со 5. Кај ПСЖ најрасположен стрелец беше Кристопанс со 7 голови, додека полскиот пивот Сипжак постигна 5.