Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени групите за новата сезона во Лигата на шампионите.
Вардар беше исклучен по осум сезони континуиран настап во елитното натпреварување, па за македонската јавност ќе биде фокусиран кон Никола Митревски и Порто.
Португалскиот шампион ќе биде дел од групата А заедно со бундеслигашот Магдебург, францускиот ПСЖ, унгарскиот Веспрем…
Првото коло од новата сезона ќе се игра на 14/15 септември, додека завршниот турнир во Келн ќе биде 17/18 јуни 2023 година.