Двократниот европски првак Вајперс Кристијансанд, ја освои трета титула во Лигата на шампионите во низа, откако славеше против Ференцварош во преполната „МВМ Арена“ со 28-24. Клучна улога во победата на норвешкиот тим имаше 43-годишната голманка Катрине Лунде, која одбрани дури 17 удари на Ференцварош и ги откажа домашните.
Условно домаќинките на овој дуел во првите десетина минути имаа постигнато само еден гол и тоа од пенал. За тоа време погодуваа Вјахирева и Јерабкова, па Вајперс поведе со 5-1.
Беше и 9-4, па Габор Елек мораше да бара тајм-аут. Ги внесе во игра Лекиќ и Цвијиќ, малку се размрдда играта на Ференцварош, Јанурик одбрани неколку удари и унгарскиот тим се врати во мечот.
Со голот на Цвијиќ беше 12-10, а потоа беше 14-12, а Вајперс пропушти шанса за плус три. Затоа норвешкиот тим беше казнет, откако Солоши Зачик погоди во последните секунди, па на пауза се замина со 14-13.
Ференцварош лошо го почна второто полувреме, згора на се црвен картон доби и столбот на одбраната, Жужана Томори. Вајперс го искористи тоа, ги казни сите грешки на ФТЦ и се одлепи на највисоки во мечот, плус шет, 20-14 во 37. минута.
Босанските судијки очигледно не беа дораснати за ова финале, и го навлекоа гневот на публиката со неколку сомнителни одлуки. За момент ФТЦ намали дел од негатива, но Лунде ги излуде домаќинките и Вајперс поведе и со осум гола, 24-16.
Во продолжение ФТц се обидуваше на повеќе начини да се врати во игра, но немаше ниту време, ниту сили да се спротистави на ривалот, па Вајперс Кристијансанд ја освои третата титула во низа во Лигата на шампионите.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Вјахирева и Андерсен со по шест гола, додека кај Ференцварош се истакнаа Лекиќ и Болк со по пет погодоци.