Вајперс ја одбрани титулата во Лигата на шампионите со триумфот против Ѓер во финалето на фајнал-форот во Будимпешта.
Една од најзаслужните беше голманката Кетрин Лунде која бранеше најдобро кога беше најпотребно. После натпреварот за 24Ракомет ги кажа впечатоците финалето.
„Игравме двапати против Ѓер сезонава, се познаваме добро. Сепак ова е фајнал фор и секој може да победи секого. Имаме многу паметни и искусни ракометарки кои ја направија разликата на овој натпревар. Во последните две недели на тренинзите не го споменувавме Ѓер се до вчера. Ова е моја шестта титула во Лигата на шампионите и тоа многу ми значи. Скоја титула има свое значење особено првата со Ѓер“, изјави Лунде.
Ветеранката и во својата 42 година брани фантастично и продолжува да освојува трофеи, после освоените пет во 2009, 2010, 2013, 2014 и 2021 се закити со трофеј и сезонава.