Луксембург со нов селектор и 11 нови играчи против Македонија

Селекцијата на Луксембург ќе има нов селектор и дури 11 нови ракометари во ростерот за мечот со Македонија од квалификациите за ЕП 2024 година.

По неуспехот, од клупата замина Никола Малешевиќ, а неговиот асистент Мајк Хачке ќе ја води репрезентацијата во последните два меча.

Тој на поширокиот список стави 27 ракометари, 24 тренираа последните десетина дена, во кои беше одигран и еден пријателски натпревар со екипата на Сарлруа од Германија.

На списокот ги нема искусните Крис Огер, Милашин Тривиќ и Јосип Илиќ, кои играа на првиот меч во Скопје што Македонија го доби со 38-24.

Состав на Луксембург:

Мика Херман (Дуделанж), Скот Мејерс (Берхем), Кел Мејерс (Берхем), Матуш Лалеманг (Керјенг), Кенан Хадровиќ (Еш), Феликс Вердел (Сарбурж/Франција), Пјер Веидиг (Керјенг), Томи Вирц (Дуделанж), Уго Нојберг (Дуделанж), Оже Етуте (Дуделанж), Фин Келер (Дуделанж), Шарел Бритнер (Берхем), Јан Хофман (Берхем), Рафаел Гуден (Берхем), Леон Биел (Берхем), Оливие Герген (Берхем), Бен Вејер (Берхем), Ник Петерс (Берхем), Лук Кајсен (Баер Дормаген/Германија), Адел Растодер (Сарлруа/Германија), Мет Крак (Фиверс Маргаретен/Австрија), Жак Тиронцели (Еш), Јан Хиперт (Еш), Том Криер (Еш), Лука Томасини (Еш), Лоик Кајсен (Крефелд/Германија), Даниел Шејд (Диферданж).