Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, по подолго време се врати во македонската метропола.
Хрватскиот ас, кој летово најверојатно ќе го напушти каталонскиот гигант Барселона, беше во Скопје за убав повод.
Тој дипломираше на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, па сега може да се пофали дека е академски граѓанин.
Хрватскиот среден бек дојде во Металург, во сезоната 2014/15, играше во Лигата на шампионите во тимот предводен од Лино Червар.
Потоа три сезони беше дел од Вардар, со кој се искачи на европскиот врв, една сезона одигра во полскиот Келце, додека со Барса два страна европски шампион.