Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндриќ учествуваше на хуманитарен тениски турнир во градот Петриња.
Хуманитарниот „Гем Сет“ турнир во Петриња во организација на тенисерот Марин Чилиќ траеше два дена, а главната цел на целиот хуманитарен проект е враќање на насмевката на најмладата популација во градот.
Кон крајот на минатата година во Петриња имаше низа земјотреси, а последниот силен земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го разруши малиот град во Хрватска.
Подрај Лука Циндриќ, на тенискиот турнир учествуваа и други спортски звезди како Лука Модриќ, Марио Манџукиќ, Иван Перишиќ, Дона Векиќ….