ЛУД ФИНИШ: Пресвртот на Португалија во кој обезбеди билет за Токио (ВИДЕО)

Португалија славеше со 29-28 на Франција и обезбеди место на Олимпијадата во Токио. Во завршницата се чинеше дека не можат да се вратат бидејќи Жерар бранеше одлично, но по негативата од 26-28 стигнаа до нерешени 28:28. На овој резултат Французите побараа тајм-аут, а потоа успеаја да нападнат и да потрошат време. На десет секунди до крај Ричардсон направи почетничка грешка и им ја подари топката, па Португалците без проблем од контра додоа до победа, а со тоа и до пласман на Олимписките игри. Погледнете ја драматичната завршница