Мартин Томовски на лето ќе го напушти бундеслигашот Лудвигсхафен и ќе се врати во Македонија да ги брани боите на Вардар.
Германскиот тим веќе ја најде замената за него, а станува збор за Матеј Ашанин, за кого ова е камбек во дресот на „бувовите“. Тој потпиша договор на две сезони.
Ашанин втора сезона игра за хрватскиот првак Загреб, но освен повремени блесоци не остави некој особен впечаток.
Во времето на Лино Червар, Ашанин беше во комбинација за трансфер во Металург, но тогаш замина во Адемар Леон, а потоа бранеше и во Спортинг Лисабон.