Лош ден за македонските репрезентативци во Бундес лигата

Македонските репрезентативци во Бундес лигата имаа лош ден во 9. коло од Бундес лигата. Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Мартин Томовски, сите тројца со своите екипи беа поразени.

Вецлар и Миркуловски на домаше терен играа со Мелсунген кој игра во одлична форма и продолжува со победничката серија. Гостите триумфираа со 31:26 иако на полувреме имаа негатива од 17:11. Вецлар испушти и највисоки седум од почетокот на вториот дел, а Филип Миркуловски не успеа да реализира.

Филип Кузмановски со Магдебург во дербито беше поразен на гостувањето кај Хановер. И покрај првиот пораз минатото коло Хановер се врати на победите и останува на лидерската позиција. Првопласираниот тим славеше 31:28, а на полувреме имаше минимална предност 15:14. Кузмановски постигна еден гол на натпреварот.

Лудвигсхафен имаше многу лош почеток на гостувањето кај Гепинген и практично го изгуби дуелот веќе во 10. минута кога домаќинот имаше водство од 7:0. До крајот на полувремето Лудвигсхафен имаше огромна негарива од девет гола, 8:17. Мартин Томовски доби петнасесетина минути шанса за настап но не успеа да забележи ниту една интервенција во поразот од 21:29.

Во останатие натпревари Рајн Некар не успеа да триумфира кај Ерланген и освои само бод, Флензбург славеше кај Минден, а Фуксе Берлин беше подобар од Бергишер.

Бундес лига, 9.коло, Резултати

Ерланген – Ранј Некар 29:29 (17:16)
Вецлар – Мелсунген 26:31 (17:11)
Фуксе Берлин – Бергишер 27:24 (12:11)
Гепинген – Лудвигсхафен 29:21 (17:8)
Хановер – Магдебург 31:28 (15:14)
Минден – Флензбург 23:27 (12:13)