Лоши вести за Полска: Камил Шипжак го пропушта СП!

Најдобриот стрелец во моментов во Лигата на шампионите, пикерот на ПСЖ – Камил Шипжак, ќе го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска.

На дуелот меѓу францускиот тим и Магдебург, Шипжак заработи скршеница на фибулата и ќе биде надвор од терените во следниот период, иако се уште нема прецизна информација колку ќе отсуствува.

Тој ќе ги пропушти и последните два меча на неговиот тим ПСЖ оваа календарска година, меѓу кои и гостувањето кај Монпелје.

Ова се лоши вести за селекторот на Полска, Патрик Ромбел, кој ќе им даде поголема одговорност на Мачеј Гебала и екс вардарецот Патрик Валчак на линијата од шест метри.

Полска е во група со Франција, Словенија и Саудиска Арабија.