Европското првенство заврши за репрезентативецот на Германија и пивот на Кил, Патрик Винчек. Тој сигурно ќе го пропушти дуелот со Чешка, а информациите говорат дека нема да биде подготвен и за дуелот за петото место бидејќи се чекаат резултати за повредата на коленото.
На местото на Винчек за дуелот со Чешка ќе настапи Мариан Михалчик. Винчек се пожали на повреда на дуелот со Австрија на кој по само неколку минути ја напушти играта заради проблеми со коленото.
Ова може да биде добра вест за екипата на Вардар кој игра против тимот од Германија на 5. феврури во рамки на Лигата на шампионите. Меѓутоа е лоша за екипата на Кил.
Повредата не е познато од каква природа е, но проблемите со коленото би можеле да го одалечат подолг период од терените.