Европскиот првак Барселона стартуваше со триумф кон одбраната на титулата во Лигата на шампионите.
Избраниците на Ортега славеа на гости кај Фленсбург со 21-25, но тимот на овој дуел остана без Лука Циндриќ.
Екс членот на Вардар и Металург има пукнатина на клучната коска и тој проблем ќе мора да биде решен со операција, пишува „Мундо Депортиво“.
За санација на ваквата повреда е потребен период од четири до шест недели. Барса го има Домен Макуц на среден бек, но тоа е премалку за натпреварување какво што е ЛШ, па можеби Раул Ентрериос ќе се врати од пензија да му помогне на својот тим.
Поради повреди, од Барса отсутни се и левиот бек Тимоти Н’гесан и левото крило Аитор Арињо.