Лоша вечер за Македонците во Бундес: Порази за Миркуловски и Пешевски

Интернационалците од Македонија кои играат во Бундес лигата денеска немаа свој ден и претрпеа порази на средбите од 3. коло.

Филип Миркуловски со Вецлар гостуваше кај Магдебург, а средбата заврши со триумф на домашните од 30:26. На овој дуел Миркуловски немаше бројки во својата статистика.

Жарко Пешевски постигна два гола за Штутгарт на дуелот против Гепинген. Сепак, ова беше тежок натпревар кој екипата на Штутгарт го загуби со 27:34.

Шанса за нешто повеќе од интернационалците од Македонија во Бундес ќе има в недела кога Филип Кузмановски со Хановер ќе игра против Бергишер.