Поранешниот ракометар на Вардар и Пролет, Жарко Пејовиќ, не е повеќе член на црногорскиот првак Ловќен Цетиње.
Според „Лоб Спорт“, новиот тренер на Ловќен, Перо Милошевиќ, не смета на услугите на искусниот среден бек.
Пејовиќ покрај за Вардар и Пролет, имаше одлична кариера во тимовите на Татран Прешов, Данкерк, Горење, Вест Виен…
Ловќен ова лето се засили со Вуко Борозан, Мирко Радовиќ, Бојан Маџовски, Богдан Петричевиќ….и уште низа други ракометари со кој посакува да игра важна улога во Лигата на Европа.