Литванците со 19 играчи на ЕП, Трухановичиус нема им помогне на колегите

Репрезентацијата на Литванија веќе пристигна во Кошице и ќе има доволно време за одмор пред стартот на Европското првенство.

Пред заминувањето за Словачка, на направените ПЦР тестирања, позитивен во репрезентацијата бил ракометарот на Драгунас, Миколас Лапиниоскас, додека останатите играчи и членови на стручниот штаб биле негативни.

Позитивниот ракометар, сепак е ставен на конечниот список, иако му следува изолација од пет дена. Тој ќе може да се приклучи и да настапи за Литванија доколку неговата репрезентација успее да направи сензација и да обезбеди пласман во вториот круг.

Селекторот на Литванија, Миндаугас Андриускас, за ЕП реши да повика 19 играчи, а ќе отсуствува првата ѕвезда, Јонас Трухановичиус, кој е повреден.

Литванија се наоѓа во група со еден од домаќините на Европското првенство, Словачка, како и со селекциите на Русија и Норвешка. Првиот дуел за Литванија ќе биде на 13 јануари против Норвешка.