И после 7. коло во Супер машката лига ситуацијата на врвот на Листата на стрелците е иста односно Давор Палевски и Ивица Илиев се следат во чекор. И двајцата во последното коло постигнаа по 12 гола, а нивните екипи имаа меѓусебен двобој во Радовиш.
Ова им овозможи да останат на ист број голови и да продолжат да се следат во чекор. Сега имаат по 73 гола, но и поголема разлика во однос на другите, а најблизу до нив е Николов од Радовиш кој има 48 гола.
Во топ 10 се наоѓаат ракометари кои имаат постигнато до 41 гол. На тој начин од 3. до 10. место разликата е седум погодоци така што тука ситуацијата е сосема извесна односно јасно е дека ќе има промени, а останува до крајот на сезоната трка само за 3. место и двобој меѓу Николов и Илиев за 1. место.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 7. КОЛО)
73 – Давор Палевски (Работнички)
73 – Ивица Илиев (Радовиш)
48 – Филип Николов (Радовиш)
47 – Иван Џонов (Пролет 62)
45 – Мартин Поповски (Пролет 62)
44 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)
44 – Лука Стојановиќ (Металург 2)
41 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)
41 – Стефан Талевски (Пелистер)
41 – Сергии Сулина (Работнички)