Листа на стрелци: Палевски и Илиев во мртва трка за врвот

Ракометарите на Работнички и Радовиш, Давор Палевски и Ивица Илиев после шест кола имаат еднаков број на голови и двајцата се на делба на првото место. Досега имаат просек од нешто над десет гола и со вкупно 61 погодок тие се следат во чекор.

Левото крило на Работнички и средниот бек на Радовиш играат одлично од почетокот на сезоната и двајцата се редовно во менување на првото место, но сега успеаја да се израмнат, па остануваат во „мртва трка“ за првата позиција.

Затоа, пак, другите веќе заостануваат и останува да се борат за 3. место. Според формата во која играат Палевски и Илиев тешко дека некој ќе може да ги симне од врвот и дефинитивно е јасно дека меѓу нив ќе биде главната битка во регуларниот дел од сезоната.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 6. КОЛО)

61 – Давор Палевски (Работнички)

61 – Ивица Илиев (Радовиш)

44 – Иван Џонов (Пролет 62)

38 – Филип Николов (Радовиш)

36 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

34 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

34 – Стефан Талевски (Пелистер)

34 – Сергии Сулима (Работнички)

34 – Мартин Поповски (Пролет 62)

33 – Дарио Кофилоски (Металург 2)

33 – Бобан Блажески (Охрид)

33 – Цветан Кузманоски (Струга)