Листа на стрелци: Николовска и Стефановска се доближија до Блажевска

Одигрувањето на натпреварите од 7. коло од Женската лига не донесоа поместување во однос на позициите на листата на стрелците, но донесоа помала разлика меѓу водечката Ивана Блажевска и ракометарките кои ја следат.

Разликата во однос на Анастасија Николовска сега е шест гола, а во однос на Мартина Стефановска осум така што е јасно дека тука допрва ќе се развива битката за првото место.

Не треба да се заборави и на Марија Анчева која има 12 помалку од водечката Блажевска, но таа е минатогодишен победник кај стрелците така што лесно може со влегување во подобра форма да го зголеми бројот на головите и да почне да ја топи разликата.

Ова значи дека до крајот на есенскиот дел ќе има уште промени, а остануваат уште шест кола за одигрување.

ЖЕНСКА ЛИГА (ПОСЛЕ 7. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

60 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)

54 – Анастасија Николовска (Чаир)

52 – Мартина Стефановска (Спартак)

48 – Марија Анчева (Пелистер)

45 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)

42 – Андреа Седлоска (Вардар)

42 – Јана Калајџиевска (Металург)

40 – Марија Тасевска (Металург)

49 – Магдалена Делиоска (Стружанка)

37 – Ана Николовска (Алушовски)

37 – Елена Вучевска (Овче Поле СУ)