Ракометарот на Работнички, Давор Палевски се чини дека ја реши битката за најефикасен ракометар во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига.
Тој има веќе 147 погодоци што е повеќе од 11 гола по натпревар така што нема вистинска конкуренција и дефинитивно потврдува дека е на вистинскиот пат за да го наследи Ивица Илиев кој две години по ред беше прв стрелец во најсилната лига на Македонија.
Илиев и сега е вториот ракометар кој веќе има над 100 гола, но со големо заостанување зад Палевски.
Инаку, до крајот на есенскиот дел има уште едно коло, а потоа има уште четири во пролетниот дел од сезоната.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 13. КОЛО)
ТОП 10
147 – Давор Палевски (Работнички)
118 – Ивица Илиев (Радовиш)
85 – Иван Џонов (Пролет 62)
76 – Бобан Блажески (Охрид)
75 – Стефан Талевски (Пелистер)
74 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)
73 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)
72 – Филип Николов (Радовиш)
71 – Лука Стојановиќ (Металург 2)
70 – Мартин Поповски (Пролет 62).