Листа на стрелци: Блажевска од Кузман Вардар останува лидер, прва отиде над 100 гола

Ракометарката на Кузман Вардар Илинден, Ивана Блажевска останува лидер кај стрелците во Женската лига и после 11. коло.

Таа нема конкуренција така што е сосема јасно дека и во продолжение од сезоната ќе биде во трка за првото место.

Најблизу до неа и понатаму е Анастасија Николовска од Чаир која има 11 гола помалку, додека Марија Анчева од Пелистер е на заостанување од 13 погодоци.

Најдобро ќе се види откако ќе се одиграат последните две кола од есенскиот дел бидејќи тогаш сите ракометарки ќе се израмнат според бројот на одиграни натпревари.

ЖЕНСКА ЛИГА (11. КОЛО)

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

101 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)

90 – Анастасија Николовска (Чаир)

88 – Марија Анчева (Пелистер)

78 – Магдалена Делиоска (Стружанка)

73 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)

70 – Мартина Стефановска (Спартак)

63 – Андреа Седлоска (Вардар)

60 – Ана Георгиевска (РК Алушовски)

60 – Марија Николовска (Чаир)

60 – Јана Калајџиевска (Металург)