Репрезентативецот на Црна Гора и ракометар на Балинген, Владан Липовина покажа дека е голем спортист и човек со правење на големо дело.
Како што пишува МНЕ Рукомет, тој подари опрема за тимот на Ловќен од Цетиње, а тоа го направи заедно со своите менаџери Милош Павичевиќ и Саша Братиќ.
Се работи за вредна опрема во која има дресови, шорцеви, маици… за тренинг. Подари вкупно 800 различни парчиња од опремата.
Инаку, Липовина си замина од тимот на Ловќен на 20 години, а во 2014 година неколку месеци помина во редовите на Металург.
Фото: mnerukomet.me