Лино Червар успешно опериран, мина четири дена во болница

Поранешниот селектор на Хрватска, Лино Червар со завршувањето на обврските со сениорскиот национален тим се посвети малку на своето здравје.

Поради оперативен зафат при што вадеше каменчиња од бубрег, па неколку дена мина во болница. Сепак, се чувствува добро и ги имаше своите први коментари после хируршката интервенција.

„Минав четири дена во болница. Моето семејство ми е поддршка, но ме мачи уште тој проблем со грбот и дискот кој удира во нервот. Морам да направам магнетна резонанца па ќе видиме дали ќе морам на уште една операција или ќе може тоа да се реши по пат на конзервативен метод“, вели Червар за хрватските медиуми.

Тој засега останува во улога на координатор на машките репрезентации на Хрватска, но веќе нема да биде на клупата на националниот тим откако поднесе оставка во финишот на Светското првенство.