Откако хрватската репрезентација го освои сребрениот медал на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, досегашниот коррдинатор на сите машки селекции во Хрватска – Зоран Гобац, реши да се повлече од оваа функција.
Гобац ја извршуваше оваа работа долги години, а неговата одлука треба да биде потврдена на седницата на Управниот Одбор на ХРС следната седмица.
Улогата на Гобац ќе ја преземе Лино Червар, кој по олимписките квалификации (или Олимписките игри доколку обезбедат пласман) ќе се повлече од селекторската функција.
Тоа значи дека Червар сам ќе си го одбере својот наследник, а веројатно тоа ќе биде неговиот досегашен помошник, Хрвоје Хорват, стратегот на Нексе Нашице.