Искусниот организатор на играта на Голден Арт, Ивица Илиев, и во следната сезона ќе го носи дресот на овој тим.
Прволигашот, кој обезбеди место во елитната конкуренција за следната сезона, веќе почна со формирање на ростерот за борбата со тимови како Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје…
Прв кој ја продолжи верноста за уште една сезона е Илиев, кој на секој натпревар беше меѓу најдобрите стрелци на тимот предводен од Никола Матлиески.
Илиев претходно долги години го носеше дресот на Радовиш, пред лани да се пресели во Голден Арт, каде што веднаш стана лидер на теренот.
Велешанецот оваа сезона постигна 157 година, што е доволно за третото место на листата на стрелци во Првата лига, а на три кола до крајот ќе има шанса да се избори и за врвот, со оглед на тоа што првопласираниот Давид Димевски има 162 гола.