Натпреварот меѓу Флензбург и Пик Сегед носи отворање на 13. коло од Лигата на шампионите во кое дефинитивно главното внимание ќе биде насочено кон средбата в сабота меѓу Порто и Вардар.
Денешниот дуел е исто така важен бидејќи може да одлучи многу работи околу евентуалните противници на Вардар, но во исто време може и да ги замрси работите во Групата А, па дури во последното коло да падне одлука.
Оттаму прво денеска се очекува одличен ракомет меѓу Флензбург и Пик Сегед и ова е дуел на кој ќе има што да се види на теренот бидејќи сигурно нијанси ќе решаваат кој ќе дојде до победата, а бодовите се потребни и кај едниот и кај другиот тим.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО
ГРУПА А
СРЕДА, 19 ФЕВРУАРИ
19:00ч
ФЛЕНЗБУРГ – ПИК СЕГЕД
САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ
17:15ч
ПСЖ – ЕЛВЕРУМ
18:00ч
ППД ЗАГРЕБ – АЛБОРГ
НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ЦЕЛЈЕ – БАРСЕЛОНА
ТАБЕЛА: 1. Барселона 22 бода (418:327); 2. Пик Сегед 20 (355:306); 3. ПСЖ 18 (376:338); 4. Алборг 13 (356:361); 4. Флензбург 11 (325:327); 6. Целје 6 (304:363); 7. Елверум 3 (312:358); 8. ППД Загреб 3 (286:352).
ГРУПА Б
ЧЕТВРТОК, 20 ФЕВРУАРИ
17:30ч
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – КЕЛЦЕ
САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ
16:00ч
ПОРТО – ВАРДАР
19:30ч
МЕШКОВ БРЕСТ – КИЛ
НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ВЕСПРЕМ – МОНПЕЛЈЕ
ТАБЕЛА: 1. Кил 20 бода (377:333); 2. Веспрем 16 (392:341); 3. Монпелје 15 (332:324); 4. Келце 14 (356:333); 5. Вардар 11 (347:383); 5. Порто 10 (335:356); 7. Мешков Брест 6 (336:366); 8. Мотор Запорожје 4 (358:397).