Дејан Манасков и колегите вечерва гостуваат кај тимот на Кил во рамки на 12. коло од Лигата на шампионите. Веспрем ќе гостува на секогаш тешкиот терен во овие да дојде до триумф за да ги симне „зебрите“ од првата позиција и ова е најава за интересна средба која треба да биде одиграна со почеток од 19 часот.
Ова е првиот меч од 12. коло, а другите останува да бидат одиграни во текот на викендот.
Секако најинтересен за нас ќе биде дуелот меѓу Вардар и Мотор Запорожје, кој ќе го даде одговорот на прашањето дали Вардар може во осминафиналето. Сепак, прво ќе биде интересно да се види и со каков состав, Вардар ќе настапи на тој натпревар бидејќи особено денеска дојде до турбуленции во клубот и заминување на дел од играчите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ ЗА 12. КОЛО
ГРУПА А
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
17:30ч
ЕЛВЕРУМ – ФЛЕНЗБУРГ
20:00ч
БАРСЕЛОНА – ППД ЗАГРЕБ
НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ
16:50ч
АЛБОРГ – ЦЕЛЈЕ
17:00ч
ПИК СЕГЕД – ПСЖ
ТАБЕЛА: 1. Барселона 20 бода (386:304); 2. Пик Сегед 18 (323:277); 3. ПСЖ 18 (347:306); 4. Алборг 11 (328:337); 5. Флензбург 9 (291:299); 6. Целје 6 (280:335); 7. Елверум 3 (284:324); 8. ППД Загреб 3 (263:320).
ГРУПА Б
СРЕДА, 12 ФЕВРУАРИ
19:00ч
КИЛ – ВЕСПРЕМ
САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ
15:00ч
КЕЛЦЕ – ПОРТО
17:15ч
МОНПЕЛЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ
17:30ч
ВАРДАР – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ
ТАБЕЛА: 1. Кил 18 бода (348:305); 2. Веспрем 16 (364:312); 3. Монпелје 13 (302:298); 4. Келце 12 (326:308); 5. Порто 10 (310:326); 6. Вардар 9 (309:355); 7. Мешков Брест 6 (310:336); 8. Мотор Запорожје 4 (330:359).