Денеска и утре екипите кои се дел од Лигата на шампионите во машка конкуренција се враќаат на терен и ќе ги одиграат средбите од 4. коло.
После кратката пауза одново се играат натпревари, а овој пат и Вардар ќе биде на терен после две кола во кои натпреварите беа одложувани.
Веќе се знае дека Вардар својот натпревар ќе го одигра утревечер од 20:45 часот, а за денеска се предвидени четири дуели. Само еден е од групата каде што се наоѓа и Вардар, а се работи за средбата Келце – Мешков Брест.
Другите три дуели денеска се играат во Групата Б каде што има и еден одложен натпревар меѓу Кил и Мотор Запорожје.
Денеска се очекува дебито на Владо Шола на клупата на ППД Загреб. Тој ќе го предводи составот против Барселона, па ова ќе биде интересен тест за него за стартот на неговиот дел од кариерата како тренер на тимот на Загреб.
На терен денеска се и Дејан Манасков против составот на Целје и Кирил Лазаров со Нант против Алборг.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ (МАЖИ)
ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО
ГРУПА А
СРЕДА, 14 ОКТОМВРИ
18:45ч
КЕЛЦЕ – МЕШКОВ БРЕСТ
ЧЕТВРТОК, 15 ОКТОМВРИ
20:45ч
ВАРДАР – ФЛЕНЗБУРГ
ПСЖ – ЕЛВЕРУМ
ПОРТО – ПИК СЕГЕД
ГРУПА Б
СРЕДА, 14 ОКТОМВРИ
18:45ч
АЛБОРГ – НАНТ
ВЕСПРЕМ – ЦЕЛЈЕ
20:45ч
БАРСЕЛОНА – ППД ЗАГРЕБ
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР
КИЛ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ