Лига на шампиони: Веспрем сака реванш за финалето, Вардар поправен после поразот од Кил

Ракометарите на Веспрем и Вардар денеска ќе одиграат натпревар во Веспрем Арена во Унгарија, а почетокот е предвиден за 17:30 часот. Шампионите на Унгарија и Македонија практично ќе го повторат дуелот од финалето одиграно на 2 јуни кога „црвено-црните“ славеа со 27:24.

Денеска ќе биде сосема нова приказна. Составите се изменети и Веспрем гледа своја шанса за да му нанесе пораз на тимот на Вардар. Сепак, ракометарите на тимот од Унгарија се во лоша форма и играат променливо така што тука има шанса и за Вардар, кој ќе биде предводен од спортскиот директор во клубот и селектор на Русија, Едуард Кокшаров.

Ова ќе биде шанса за Веспрем да му се реваншира на Вардар за поразот во финалето, но исто така ќе биде и можност за вардарци да се обидат да се вратат во ритам после тешкиот пораз од Кил. Затоа ова денеска ќе биде максимално интересен натпревар.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 19 ОКТОМВРИ

20:00ч

БАРСЕЛОНА – ПСЖ

НЕДЕЛА, 20 ОКТОМВРИ

16:50ч

АЛБОРГ – ФЛЕНЗБУРГ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ЕЛВЕРУМ

ППД ЗАГРЕБ – ПИК СЕГЕД

ГРУПА А

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 8 бода (119:94); 2. Флензбург 7 (95:84); 3. Барселона 6 (142:95); 4. Алборг 6 (121:107); 5. Пик Сегед 5 (115:110); 6. Елверум 0 (89:118); 7. Целје 0 (91:126); 8. ППД Загреб 0 (85:123).

ГРУПА Б

САБОТА, 19 ОКТОМВРИ

16:30ч

ПОРТО – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ

17:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – КЕЛЦЕ

17:15ч

МОНПЕЛЈЕ – КИЛ

17:30ч

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: 1. Кил 7 бода (129:104); 2. Монпелје 6 (110:103); 3. Вардар 6 (116:119); 4. Веспрем 4 (127:116); 5. Порто 4 (115:125); 6. Келце 3 (120:118); 7. Мешков Брест 2 (106:116); 8. Мотор Запорожје 0 (115:137).

ГРУПА Ц

НЕДЕЛА, 20 ОКТОМВРИ

12:10ч

БИСАДОА ИРУН – САВЕХОФ

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ТАТРАН ПРЕШОВ

18:00ч

КОКС – СПОРТИНГ

ТАБЕЛА: 1. Савехоф 8 бода (112:96); 2. Бидасоа Ирун 7 (115:97); 3. Спортинг 5 (116:112), 4. Еурофарм Работник 2 (109:111); 5. Кокс 2 (103:122); 6. Татран Прешов 0 (97:114).

ГРУПА Д

САБОТА, 19 ОКТОМВРИ

18:00ч

КРИСТИЈАНШТАД – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ

15:10ч

ГОГ – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН

16:00ч

ВИСЛА ПЛОЦК – ДИНАМО БУКУРЕШТ

ТАБЕЛА: 1. Динамо Букурешт 7 бода (121:101); 2. Гог 6 (127:117); 3. Висла Плоцк 4 (113:105); 4. Кадетен Шафхаузен 4 (107:102); 5. Чеховски медведи 2 (99:123); 6. Кристијанштад 1 (102:121).`