Лига на шампиони: Вардар пред важен дуел, денеска мора да се добие двобојот со Мешков

Ракометарите на Вардар денеска гостуваат во Белорусија каде што ќе треба да ги одмерат силите со екипата на Мешков Брест. Овој натпревар едноставно „црвено-црните“ мораат да го добијат бидејќи тука се решаваат многу работи за продолжението од групната фаза од која, после ова коло, остануваат уште пет кола од кои четири се играат напролет.

Вардар во речиси комплетен состав денеска влага со многу поголеми шанси од претходно на двобојот против тимот на Мешков Брест. Едноставно мора да се нападне и да се направи обид за победа бидејќи само така може да се очекува подобар пласман на табелата и полесен ривал за во осминафиналето.

Средбата се игра од 17:30 часот, а во истиот термин е и дуелот меѓу Веспрем и Келце, па ова ќе бидат два одлични натпревари во исто време.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО

ГРУПА А

САБОТА, 23 НОЕМВРИ

20:00ч

БАРСЕЛОНА – ФЛЕНЗБУРГ

НЕДЕЛА, 24 НОЕМВРИ

16:50ч

АЛБОРГ – ПСЖ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ПИК СЕГЕД

ППД ЗАГРЕБ – ЕЛВЕРУМ

ТАБЕЛА: 1. Барселона 14 бода (290:219); 2. ПСЖ 14 (250:213); 3. Пик Сегед 13 (230:205); 4. Алборг 8 (241:250); 5. Флензбург 7 (209:211); 6. Целје 6 (202:231); 7. Елверум 1 (194:238); 8. ППД Загреб 1 (185:234).

ГРУПА Б

КИЛ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ       32:32

Екберг 9, Пекелер 6, Дамке 4 – Пухоуски 10, Козакевич 5, Сорока 4

САБОТА, 23 НОЕМВРИ

17:15ч

МОНПЕЛЈЕ – ПОРТО

17:30ч

МЕШКОВ БРЕСТ – ВАРДАР

ВЕСПРЕМ – КЕЛЦЕ

ТАБЕЛА: 1. Кил 14 бода (281:250); 2. Монпелје 11 (223:214); 3. Веспрем 10 (267:235); 4. Келце 10 (248:231); 5. Вардар 9 (235:252); 6. Порто 8 (230:240); 7. Мотор Запорожје 2 (264:294); 8. Мешков Брест 2 (219:251).

ГРУПА Ц

КОКС – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК               23:21

Таминен 6, Луканчук 5, Неница 4 – Јотиќ 5, Остроушко 4, Радовиќ 3

САБОТА, 23 НОЕМВРИ

16:00ч

БИДАСОА ИРУН – СПОРТИНГ

САВЕХОФ – ТАТРАН ПРЕШОВ

ТАБЕЛА: 1. Бидасоа Ирун 14 бода (242:189); 2. Спортинг 11 (250:214); 3. Савехоф 10 (218:222); 4. Кокс 6 (220:260); 5. Татран Прешов 5 (201:230); 6. Еурофарм Работник 4 (240:256).

ГРУПА Д

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ  34:23

Банур 7, Мамдо 6, Кампос 4 – Котов 5, Осташченко 5, Косоротов 3

САБОТА, 23 НОЕМВРИ

15:00ч

ВИСЛА ПЛОЦК – ГОГ

НЕДЕЛА, 24 НОЕМВРИ

19:00ч

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – КРИСТИЈАНШТАД

ТАБЕЛА: 1. Динамо Букурешт 15 бода (266:225); 2. Висла Плоцк 9 (220:212); 3. Гог 9 (255:260); 4. Кадетен Шафхаузен 6 (227:219); 5. Чеховски медведи 6 (251:281); 6. Кристијанштад 5 (230:252).