ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Барселона на тест кај Бундес шампионот

Екипата на Флензбург денеска е домаќин на Барселона на стартот од 6. коло во Лигата на шампионите и ова е голем тест за ракометарите кои се лидери во Групата А после пет кола.

Барселона сезонава покажа дека игра добар ракомет и затоа секој настап се следи со внимание. Флензбург има само бод помалку, па јасно е дека ќе има што да покаже и денеска. Затоа нема да смее да има опуштање кај Каталонците и тие мораат да бидат на високо ниво.

Циндриќ и колегите ќе мора да бидат на високо ниво ако сакаат бодови во Германија кои ќе им ја зацврстат позицијата на врвот во Групата А.

Сите средби од 6. коло и термините во кои тие ќе се одиграат можете да ги видите во продолжение.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

ГРУПА А

СРЕДА, 30 ОКТОМВРИ

19:00ч

ФЛЕНЗБУРГ – БАРСЕЛОНА

САБОТА, 2 НОЕМВРИ

17:15ч

ПСЖ – АЛБОРГ

НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ

17:00ч

ПИК СЕГЕД – ЦЕЛЈЕ

19:00ч

ЕЛВЕРУМ – ППД ЗАГРЕБ

ТАБЕЛА: 1. Барселона 8 бода (178:127); 2. ПСЖ 8 (151:130); 3. Алборг 8 (152:135); 4. Пик Сегед 7 (141:131); 5. Флензбург 7 (123:115); 6. Целје 2 (123:151); 7. Елверум 0 (114:150); 8. ППД Загреб 0 (106:149).

ГРУПА Б

САБОТА, 2 НОЕМВРИ

15:00ч

КЕЛЦЕ – ВЕСПРЕМ

19:30ч

ПОРТО – МОНПЕЛЈЕ

НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ

17:00ч

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – КИЛ

ТАБЕЛА: 1. Кил 9 бода (162:134); 2. Веспрем 6 (166:146); 3. Монпелје 6 (140:136); 4. Вардар 6 (146:158); 5. Келце 5 (151:145); 6. Порто 5 (150:160); 7. Мешков Брест 2 (133:147); 8. Мотор Запорожје 0 (150:172).

ГРУПА Ц

САБОТА, 2 НОЕМВРИ

16:00ч

САВЕХОФ – БИДАСОА ИРУН

16:30ч

СПОРТИНГ – КОКС

18:00ч

ТАТРАН ПРЕШОВ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

ТАБЕЛА: 1. Бидасоа Ирун 9 бода (154:120); 2. Савехоф 8 (135:135); 3. Спортинг 5 (139:137), 4. Кокс 4 (128:145); 5. Еурофарм Работник 2 (132:135); 6. Татран Прешов 2 (121:137).

ГРУПА Д

СРЕДА, 30 ОКТОМВРИ

19:00ч

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ВИСЛА ПЛОЦК

ЧЕТВРТОК, 31 ОКТОМВРИ

20:15ч

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ГОГ

САБОТА, 2 НОЕМВРИ

14:00ч

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – КРИСТИЈАНСАНД

ТАБЕЛА: 1. Динамо Букурешт 8 бода (147:127); 2. Гог 8 (162:147); 3. Висла Плоцк 5 (139:131); 4. Кадетен Шафхаузен 4 (137:137); 5. Кристијанштад 3 (138:149); 6. Чеховски медведи 2 (127:159).