Тимовите на Флензбург и Целје го отвораат последното 14. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а овој дуел е единствениот кој се игра предвреме бидејќи другите средби остануваат за викенд.
И Флензбург и Целје ги посакуваат бодовите бидејќи за едните носат надеж за позиција повисоко, а за другите сигурен пласман во елиминациите.
Доколку победи Флензбург тогаш ќе чека кикс на Алборг за пласман на 4. место, додека, пак, додеколку Целје победи или освои бод ќе нема дилеми и сигурно ќе финишира на 6. позиција која носи понатаму.
Оттаму ова ќе биде интересен дуел, а секако најинтересно ќе биде в недела кога шампионите на Европа од последните три години ќе имаат двобој во СЦ „Јане Сандански“.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ ЗА ПОСЛЕДНО, 14. КОЛО
ГРУПА А
СРЕДА, 26 ФЕВРУАРИ
19:00ч
ФЛЕНЗБУРГ – ЦЕЛЈЕ
САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ
20:00ч
БАРСЕЛОНА – ПИК СЕГЕД
НЕДЕЛА, 1 МАРТ
16:50ч
АЛБОРГ – ЕЛВЕРУМ
17:00ч
ПСЖ – ППД ЗАГРЕБ
ТАБЕЛА: 1. Барселона 24 бода (455:352); 2. ПСЖ 20 (407:363); 3. Пик Сегед 20 (381:340); 4. Флензбург 13 (359:353); 5. Алборг 13 (386:392); 6. Целје 6 (329:400); 7. ППД Загреб 5 (317:382); 8. Елверум 3 (337:389).
ГРУПА Б
САБОТА, 29 ФЕВРУАРИ
17:30ч
ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ВЕСПРЕМ
МЕШКОВ БРЕСТ – ПОРТО
18:00ч
КЕЛЦЕ – КИЛ
ТАБЕЛА: 1. Кил 20 бода (407:366); 2. Веспрем 18 (416:364); 3. Келце 16 (389:359); 4. Монпелје 15 (355:348); 5. Порто 12 (365:378); 6. Вардар 11 (369:413); 7. Мешков Брест 8 (369:396); 8. Мотор Запорожје 4 (384:430).