Се одиграа реванш средбите на дел од натпреварите од 2. квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на Европа и познати се патниците во главната рунда.
Хрватскиот претставник Нексе после пресврт против Бидасоа Ирун обезбеди пласман во групната фаза иако на почетокот на дуелот имаше негатива од пет гола. Гостинскиот тим поведе 2:7, но Нексе успеа да се врати многу брзо и до полувреме поведе 13:11. Во вториот дел со поквалитетна игра стигна до победа од пет гола која беше доволна за пласман во групната фаза.
Рајн Некар откако на гостински терен против Холстебро обезбеди убава позитива од шест гола, на реванш дуелот на свој терен си дозволи да биде поразен 26:27. По првиот дел Холстебро водеше 13:9 и се закани дека може до изненадување, но бундеслигашот не го дозволи тоа и со минимален пораз оди во групната фаза.
Тримо Требње и Балатонфуреди одиграа еден натпревари тој го дава патникот понатаму така што претставникот од Словенија со само еден гол предност и победа од 23:22, си обезбеди место во групната фаза.
Пласман во групната фаза уште обезбедија и ГОГ, Кристијанштад и Металург откако победите од првите дуели беа доволни за вкупен триумф во двомечот со нивните противници.
ЛИГА НА ЕВРОПА
2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (РЕВАНШ СРЕДБИ)
Нексе – Бидасоа Ирун 29:24 (27:30)
Кристијанштад – Азоти Пулави 24:22 (25:24)
Винтертур – ГОГ 35:31 (24:33)
Рајн Некар – Холстебро 26:27 (28:22)
Тримо Требње – Балатонфуреди 23:22
Криенс – Металург 22:21 (24:26)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари
* Тримо Требње и Балатонфуреди играат само еден натпревар